Едукативна апликација со Биби од денеска е достапна на Google Play. Омилениот лик на детската публика – Биби отсега ќе биде достапна и на апликација на која децата ќе можат да ги учат буквите, да ги препознаваат, да учат зборчиња. Наскоро играта ќе биде достапна и за корисниците на „ајфон“.

Симнете ја ОВДЕ

„Светот на Биби“ е колекција од едукативни и забавни игри со ликот на Биби и е наменета за деца на возраст од 2 до 8 години. Во развојот на оваа апликација го запазуваме и социјалниот момент и го ограничуваме времето достапно за игра во текот на денот. По истекот на времето апликацијата се заклучува и станува достапна за користење наредниот ден. Токму Биби им се обраќа на децата и им кажува дека е време за дружење со другарчињата, семејството.

На апликацијата е поставена звучна азбука, а има опција децата да погодат одредена буква.

Апликацијата може да ја симнете ОВДЕ.



912

X