Ако неодамна сте дознале дека сте бремени, веројатно веќе сте ја презеле апликацијата со која можете да следите како расте вашето бебе, низ кои промени поминува вашето тело, но и да ги одбројувате деновите до породувањето. Иако апсолутно ништо не може да ве подготви за родителството, технологијата може да ви ги олесни работите.

Во продавницата за апликации постојат многу апликации, од оние што ви даваат можност да запишете кога сте го нахраниле бебето и колку пелени сте промениле до оние што нудат рецепти за првите кашички или советуваат како да ги забавувате децата.

Ова се некои од апликациите што родителите ги нарекуваат најдобар сојузник кога станува збор за децата.

„Cookpad“

Заедно со илјадниците задачи што доаѓаат со родителството, тука е и готвењето. Понекогаш дури и не е толку проблем да приготвите вкусен оброк за цело семејство колку што е тешко да најдете идеја. Апликацијата „Cookpad“ ќе ви овозможи меѓусебно споделување на рецепти, можете да објавувате сопствени рецепти, но и да се обидете да ги направите најдобрите јадења од светските готвачи.

Во апликацијата моментално се наоѓаат 5,5 милиони рецепти од целиот свет.

Платформа: „Андроид“, „Ајос“
Цена: Бесплатно

„Mint“

Дури и без разните истражувања знаеме дека жените се тие што одлучуваат како ќе се троши буџетот. За поефикасно управување со финансиите, вистински сојузник може да ви биде апликацијата „Мint“, која овозможува подобар увид во финансиската состојба.

Во апликацијата можете да ги додадете моменталните и идните финансии, и сите други трошоци. Со навиката на редовно ажурирање, можно е едноставно и квалитетно да се следат трошоците, а со самото тоа и полесно да се планира заштедата.

Платформа: „Андроид“, „Ајос“
Цена: Бесплатно

„White Noise Baby“

Апликацијата White Noise Baby емитува шумови што детето е навикнато да ги слуша уште во стомакот на мајката. Секако, иако апликацијата не гарантира дека вашето бебе ќе заспие веднаш, широкиот избор на шумови ја зголемува можноста да го најдете тоа што му одговара на вашето бебе.

Платформа: „Андроид“, „Ајос“
Цена: Бесплатно

„YouTube“

Можеби „YouТube“ неочекувано се најде на оваа листа, но за мајките и татковците е доста корисен. Познатиот сервис за видеа нуди голем број содржини со практични решенија за секојдневните проблеми.

„YouТube“ e полн и со едукативни видеа што можат да му помогнат на детето да учи и да се развива.

Платформа: „Андроид“, „Ајос“
Цена: Бесплатно

Платформа: „Андроид“, „Ајос“
Цена: Бесплатно



912

X