Не можеме да ја сфатиме анксиозноста додека самите не ја искусиме, особено поради тоа што секоја личност има различно искуство. Додека некои мајки стануваат тажни или бесни по породувањето, постојат и такви што се исплашени и преоптоварени во текот на бременоста. Ова често се случува, особено ако бременоста е ризична. Не сте сами во ова, мајки. Всушност, жените генерално се поподложни на анксиозност отколку мажите. Мајки, важно е да си помогнете себеси, а тоа можете да го сторите на неколку начини:

Часови по хипнопородување, доколку сте во можност да посетувате

Ова може целосно да ја промени вашата емоција кон раѓањето. Ќе ви донесе мир, а медитациите и смирувачките зборови ќе ве опуштат и ќе ви ги намалат стравовите. Обидете се со хипнопородување.

Пишувајте дневник

Многу мајки потврдиле колку им помага тоа. Можете да му се обраќате на своето бебе и да му кажувате за сите делови од бременоста, емоциите и промените што се случуваат. Ќе ви помогне.


Поставете си правила

Можете, на пример, да си одредите 30 минути дневно за стравот од породувањето и замислувањето на најстрашните исходи, но затоа остатокот од денот морате да се насочите кон позитивните нешта. Полесно е ако имате контрола над себе и над своите мисли. Сосема е во ред ако ви е тешко да се контролирате. Тогаш е важно да се опуштите и длабоко да дишете.

Одите на терапија

Доколку не можете сами да излезете на крај со анксиозноста, обратете се на лекар. Тоа е сосема добро решение, ќе си ги олесните своите чувства и тешки мисли пред експерт, ќе научите дека тоа е сосема во ред. Не сте сами и полесно ќе поминете низ тоа со стручна помош.


Читајте

Можете да најдете многу книги за бременоста кои ќе ве насочат кон оние убави делови. Можете да изберете и книга што не е поврзана со бременоста, ако уживате во тематиката и ако ви го привлекува вниманието.


Пронајдете добар лекар

Доколку покрај себе имате експерт кој има задача да ви одговори на сите ваши прашања, колку и да се чудни, ќе чувствувате мир и сигурност.


Јога, вежбање

Физичката активност, генерално, го крева нивото на хормонот на среќа. Во бременоста ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Не мора тоа да биде јога доколку не ви одговара, изберете го она што ви одговара.

Извор



912

X