Како се промени родителството минатата година? Поспецифично, како се променија родителите? Компанијата „Мили Мун луксузни пелени“ неодамна спроведе анкета на 2 илјади родители-милениумци – а резултатите може да ве изненадат.
Веројатно не е шок што за многу родители настаните од 2020 година променија многу ставови речиси за сè во животот. Помеѓу работата од дома, учењето од дома и правењето сè друго од дома, родителството едноставно мораше да се смени.
Анкетата открива дека 4 од 5 мајки и татковци имале чувство дека 2020 година направила да чувствуваат потреба одновно да го евалуираат своето родителство. 72 проценти рекле дека пандемијата им помогнала да покажат повеќе сочувство и емпатија како родители, а 73 проценти почнале да ги поставуваат како приоритети моментите што ги споделуваат со своите деца.

Што се однесува до работата, повеќе од 40 проценти од родителите ставаат помал акцент и значење на своите работни места. Дополнителното време што го добиле да бидат дома имало големо влијание врз децата, според анкетираните родители. 76 проценти од родителите откриле и нови начини за поврзување со своите деца.
Анкетата открила дека речиси половина од родителите велат дека „времето за приказна“ е клучен момент за поврзување со децата.
Автор: Ерика Луп