Овој филм добил „Оскар“ во категоријата најдобар краткометражен анимиран филм. „Бао“ е емотивна приказна за осамена мајка во поодминати години, која неочекувано добива втора шанса правејќи кнедли. Една од нив оживува и се претвора во момче.

Филмот го напишала и режирала Доми Ши, а е реализиран во познатата продукција „Пиксар“. Режисерката го поврзала сопственото искуство, како ќерка на кинески мигранти. Се ставила во позиција на својата мајка за да го покаже нејзиното емоционално патување, со оглед на тоа дека го посветила својот живот на одгледување дете кое во одреден момент одлучило да го напушти домот и да почне самостоен живот.

Тоа е првиот од 35. кратки филма на „Пиксар“ што го режирала жена, и тоа е значајно бидејќи оваа продукција ја следи лош глас дека е „машки клуб“, а и во индустријата на анимацијата доминираат мажите.



912

X