Без разлика на кој начин носат дете на свет, мајките се вистински воини, но не би било штета ако добијат и малку помош од модерната медицина. Всушност, во последното истражување се покажува дека 71 отсто од бремените жени добиваат епидурална анестезија или друга спинална анестезија, според студијата објавена во списанието „Анестезиологија“. Сите овие жени го знаат она кое неколку здравствени работници го споделиле со милиони корисници на „ТикТок“ – дека епидуралните игли се огромни.

Во објавеното видео, кое има над 13 милиони прегледи, лекарите Хансел Виера и д-р Карлос де ла Хоз од Мајами покажуваат 3 различни игли, прашувајќи ги гледачите да одредат која е токму епидуралната игла. Откривање на тајната: најголемата. Иглата се користи за да се води катетер во долниот дел од рбетот преку кој лекот за болка се нанесува. Исто така, локална анестезија се нанесува во тој предел пред да биде вметната епидуралната игла. „Со ова, пациентот чувствуа минимално или воопшто ништо од процесот на ставање на иглата додека пенетрира во кожата“, рекол Хансел. А големината е исто така, круцијална. „Епидуралните игли се долги за да се добие подобар пристап кон епидуралниот простор. Најчестото прашање е – Дали целосно се вбризгува во кожата? А одговорот е дека во најголемиот број случаи не, па варира од пациент до пациент“.

Сите овие нешта се познати за оние кои поминале низ ова искуство, но чудењето од страна на корисниците на социјалните мрежи докажува дека многу е ниска свесноста за аспектите кои се однесуваат на женското здравје. На „TikTok University“ ваквите клипови се објавуваат постојано и го зголемуваат знаењето и информираноста на луѓето за ваквите интервенции, па со тоа се зголемува и ценењето кое луѓето го имаат кон жените кои носат нов живот на свет.

@vieramed

Do you know how big epidural needles are?. The Neomedicine institute. #TrulyGlowingSelfieLove #ItWasntMe #cosmetic #foryou #fitness

♬ Ella Mai – My Way – sabinahannan

Автор: Мареса Браун

Извор



912

X