Воспитување

Андреј – кое е значењето на едно од најпопуларните имиња?

Денешните родители многу често го избираат ова машко име за своите деца, а веројатно не го знаат точното значење.

Ова име спаѓа во групата на таканаречени христијански имиња. Еден од 12. Христови апостоли се викал Андреј.

Потеклото на името Андреј

Се верува дека името Андреј е од грчко потекло, односно дека потекнува или од грчката лична именка „Андреас“ или од зборот „андреиос“ што е придавка и во превод значи храбар, способен, смел.

Што значи името Андреј?

Во грчкиот јазик значи човек кој е храбар, мажествен, хуман, но може да се каже и дека во превод значи „личност што е вистински маж“, „онаа личност која е вистински водач, човек, воин, борец или доминантен во животот“.

Прекари и изведени имиња од името Андреј

Од името Андреј произлегуваат машки и женски имиња како: Андреја; Андра; Андро; Андреас; Андријан; Адријано; Андраш; како и женски имиња Ана; Андријана; Андреа; Андреана; Адријана или Андреја.

Најпопуларните прекари за машкото име Андриј се: Андро; Андра; Аки; Андриша; Анкер или Енди.

Автор: Радмила Илиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top