Без разлика колку пати читаме дека славните личности не биле отсекогаш популарни во нивната средина, тешко ни е да разбереме дека некои ѕвезди во своето детство и не биле баш популарни.

Замислете кога само ќе кажете „Анџелина Џоли“ – не ни помислувате дали постои некој што можеби не ја знае. А кога ќе помислите како ѝ било кога растела, кога била дете, мора да си мислите „ах, лесно ѝ било на училиште, сите сигурно ја обожавале“… А потоа ќе прочитате дека не било ни приближно така, туку дека Анџелина била една од оние што не биле многу популарни во училиште додека растеле. Покрај тоа, Анџелина за „Вог“ изјави дека во тие години била прилично мрачна, дека била „панкерка“. Тоа што станала мајка ја спасило од тој нејзин „мрак“, кој продолжил години подоцна. Токму тоа ја спречило да нурне подлабоко во темнината со која се соочила една деценија претходно.

„Имав 26 години кога станав мајка“, изјавила таа за „Вог“. „Целиот мој живот се промени. Тоа што имам деца ме спаси – и ме научи да бидам поинаква“.

Во 2002 година актерката го посвои својот прв син Медокс од сиропиталиште во Камбоџа, а пред да го посвои Анџелина не ни сакала да биде мајка, истакнала таа. „Чудно, никогаш не сакав да имам дете“, рекла Анџелина. „Никогаш не сакав да бидам бремена. Никогаш не сум чувала деца. Никогаш не се сметав за мајка.“ Но, со Медокс нејзините чувства се промениле.

Џоли на крајот од 2005 година ја посвои ќерката Захара Марли Џоли-Пит, а во 2006 година Џоли и Пит објавија дека чекаат дете, а подоцна истата година се роди Шајло Нувел Џоли-Пит. Џоли потоа го посвои Пакс Тиен Џоли-Пит во 2007 година. Пит го посвои во 2008 година. Истата година Џоли и Пит открија дека Џоли е повторно бремена, а во јули таа ги роди близнаците Нокс Леон и Вивиен Маршелин Џоли-Пит.

„Мислам дека ќе потонев на многу помрачен начин ако не сакав да живеам за нив“, изјавила Џоли за „Вог“. Таа зборувала и за нејзините младешки денови, кога со своите улоги и однесување ја зацврсти својата позиција на холивудска „лоша девојка“.

„Поминав низ тешки времиња и ги преживеав. Не умрев млада“, заклучила Џоли.

„Лошата девојка“ како идентитет, е нешто што можеме да го поврземе со Анџелина Џоли, а тоа е сликата што ја следи уште од малечка: „Бев губитничка, не бев популарно дете. Купував облека во продавници со користени алишта, ја сечев, правев дупки во неа со цигари. Тоа бев јас како тинејџер и не би го менувала тоа за ништо. Можеби тој дел од мене сака повторно да се појави“, рекла Џоли.

Сè на сè, Анџелина е уште една потврда дека некои работи, сепак, не можат да се видат кај детето во раното детство. И, исто така, надеж за оние што се несреќни затоа што не се особено популарни. Сè може да се промени, навистина.

Автор: Луна Николиќ

Извор



912

X