Воспитување

Американско семејство живее во автобус со своите 7 деца: „Сите се изненадени кога ќе видат каде е креветот“

Бритни (34) и Џеј Ди (37) имаат седум деца, шест момчиња и едно девојче. Во моментов тие се на „американско семејно патување“. Веќе четири години патуваат низ САД во преуреден автобус.

Ова семејство објавува детали од својот живот на социјалната мрежа „Тик-ток“, каде што се познати под името „jdandbritney“.

– Во него живееме, истражуваме и растеме како семејство – велат на едно од видеата.

Најстарото дете има 11 години, а најмалото само 4 месеци. Тие ја покажале и внатрешноста на автобусот, а луѓето најмногу се изненадени од локацијата на нивниот брачен кревет.

„Кога ќе влезете во нашата дневна соба, ќе видите дека имаме два долги каучи со врзани шест безбедносни појаси. Тоа е добар простор за заеднички филмски вечери. Креветот ни се спушта од покривот“, објасниле тие.

„Додека размислувавме за уредување на автобусот, сфативме дека просторот посветен на главната спална соба ќе биде загуба за нашиот животен стил. Јас и Џеј Ди обично сме ранобудници и целта ни беше да создадеме максимално функционален простор без да треба да жртвуваме нешто“, објаснила Бритни.

Погледнете како децата се забавуваат во автобусот:

@jdandbritney

(null)

♬ original sound – AmericanFamilyRoadTrip

„Знаевме дека не ни треба главна спална соба за одмор и дека децата секако би сакале да се дружат во нивната“, вели таа. „Децата имаат два кревети во форма на буквата U и ги сакаат. Кога беа мали, времето за спиење беше исто за сите, но сега постарите деца остануваат будни подолго и читаат“, додала таа.

„Со нашиот неконвенционален начин на живот, неделите поминати во пешачење по националните паркови, новите музеи и градови и нашиот сѐ поголем тим, за среќа, заспивањето не ни е проблем.“

Автор: Абигејл Вилсон

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top