Денес желбата да се биде астронаут е клише. Според истражување спроведено од „Лего“, децата велат дека повеќе би сакале да се познати јутјубери отколку астронаути. Истражувањето, кое на 3.000 деца од САД, Велика Британија и од Кина им дало задача да ги рангираат нивните преференции за пет различни работни места, покажува алармантен знак за тоа како ставовите кон научните граници се менуваат низ генерациите.

Американските и британските деца дадоа исто рангирање: влогер/јутјубер ги победи професиите наставник, професионален спортист, музичар и астронаут – по тој редослед.

Но, во Кина професијата астронаут беше најпосакувана работа, при што 56 отсто од испитаниците изјавиле дека тоа е она што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Професијата јутјубер беше најнепопуларен избор со само 16 отсто.

Истражувањето посочува дека американските деца можеби не се заинтересирани за идејата да станат астронаути затоа што за нив вселенското патување е стара вест. Веќе поминаа 50 години од мисијата „Аполо 11“ што го одведе човештвото на Месечината, а астронаутите со години се стационирани на Меѓународната вселенска станица.

Истражувањето не открило зошто децата одговориле така, но резултатите се јасен знак дека на американските деца астронаутите повеќе не им се „кул“ како што им биле во минатото.



912

X