Мајката и тик-токерка Џени Мукенди ја сподели болничката сметка што ѝ била дадена од американска болница во која се породила со својата ќерка Кимери.

Иако дел од трошоците се покриени со осигурувањето, многумина се изненадија што вкупната сума изнесува 28.200 долари. Во сумата биле вклучени трошоците за болничка соба од 3.700 долари, епидурална од 17.200 долари и храна, која чинела 170 долари. Најголемото изненадување е тоа што контактот кожа на кожа чинел 4.000 долари.

На крајот од видеото Џени открива дека рокот за плаќање на сметката е 30 дена.

– Наплаќањето за контактот кожа на кожа е најтажното нешто што сум го слушнал, имајќи ги предвид сите придобивки што ги има за детето – коментира едно лице.

Имаше и такви што ги советуваа Американците да дојдат да се породат во Европа, каде што породувањето е бесплатно, односно покриено со задолжително здравствено осигурување.

@jandjfamily1

Getting charged for the skin to skin is what sent him off ??

♬ original sound – J & J Family

Извор



912

X