Американската атлетичарка Алисон Феликс го собори рекордот на Јусеин Болт откако го освои 12. златен медал на светските атлетски првенства. Феликс беше дел од мешаната американска штафета, која славеше на трката на 4х400 метри на Светското првенство во Доха.

Американската атлетичарка и деветкратен олимписки шампион минатиот ноември, во 32. недела од бременоста, родила девојче. Таа ја чувала бременоста во тајност неколку месеци, продолжувајќи да се натпреварува кога била во четвртиот месеци од бременоста. Бебето требало да се роди во јануари 2019 година, но на рутинскиот преглед било откриено дека Феликс има висок крвен притисок, а отчукувањата на срцето на бебето биле алармантно бавни. Феликс се породила со царски рез на 28 ноември.

Таа опишува каков шок доживеала кога открила дека работите нема да се одвиваат како што мислела. Taa го опишува одделението за неонаталната интензивна нега како друг свет за кој никогаш не знаела дека постои, луѓе кои се вистински борци и кои се справуваат со неверојатни околности.

Во едно од интервјуата тогаш, Алисон раскажа за нејзината ќерка на интензивна нега.

– Секој ден седам со ќерка ми и ја гледам нејзината борба. Секој ден станува посилна и поубава – изјави таа.

На 5 февруари 2019 година на нејзиниот твитер-профил Алисон сподели прекрасна фотографија од неа и нејзината ќерка, кога се вратиле од болница.

 



912

X