Алиша Кис и нејзиниот сопруг, познат по сценското име Свиз Битс, имаат двајца синови, а пејачката е и маќеа на постарите деца на нејзиниот сопруг од претходните врски. Откако стана мајка, почесто зборува за своите искуства и за семејството.

Како ја промени родителството

– Родителството ме направи да бидам отворена, повеќе сум поврзана со себе, посреќна сум и покреативна. Многу повеќе размислувам за тоа што и како правам. Едноставно родителството ме направи подобра личност на многу начини.

За доењето

– Уживав во тоа. Постојат некои работи што никој не ти ги кажува. Одев на часови за доење и мислам дека тоа е навистина добро бидејќи луѓето погрешно претпоставуваат дека за тоа треба да имаш природен инстинкт. Постојат техники што треба да ги научите, а ако тоа не ги знаете, не е ваша вина. Никој не ми кажа дека градите стануваат тврди кога се полни со млеко. Се сеќавам дека лежев во кревет и не можев да се помрднам бидејќи ужасно ме болеа. Се породив природно и постојано се прашував: „Што не е во ред со мене? Издржав долго породување, а сега не можам да го натерам млекото да излезе“. Го прескокнаа тој дел, ништо не ми кажаа за тоа.

За одгледувањето на детето

– Тој е движечката сила на моето срце. Тоа е лудо, учам толку многу работи од него. Но, што е со оние мали работи, на пр., колку е возбудливо да се види авион што лета на небото? Тоа е како да откриваш колку личноста учи, колку детето учи и колку сме ние способни да научиме бидејќи секогаш има нешто ново што го откриваме, а сме заборавиле колку е посебно – вели Алиша.

За времето поминато со семејството

– Сакаме да одиме во уметнички галерии и паркови. Понекогаш сакаме да цртаме и да го посетуваме семејството, а сакаме и да трчаме низ куќата и да си играме.

За породувањето

– Сакам да зборувам позитивно за тоа бидејќи не сакам да ги плашам луѓето. Беше болно. Но, се држев до техниките за уништување на негативните мисли. Мислам дека зборовите се прилично моќни… Не постои споредба со ништо што сум правела претходно. Но како што сите кажуваат, вредеше. Тоа беше блаженство и право чудо…

 

 

View this post on Instagram

 

We don’t rush. We don’t run. We glide!! Mood all week ✨✨✨

A post shared by Alicia Keys (@aliciakeys) on

За менувањето на приоритетите

– Морав да го исчистам негативниот простор, а и негативните луѓе. Веројатно тоа требаше да го направам уште пред неколку години. Но сега причината за тоа е поголема, мојата цел е поголема, тоа е многу поголемо од мене.

За бременоста

– Мислам дека ме промени на многу начини. Пред некој ден размислував за тоа – едноставно твоето тело прави работи што никогаш претходно не ги правело. Тоа е чудо и е неверојатно, коските и структурата на телото се менуваат. Како?!

За балансот

– Откако станав мајка, најтешки се моментите кога треба да се одделам од нив, како и обидот да најдам баланс во сите работи. Но, она што беше изненадувачки лесно е колку природно чувство дава родителството.

За еден од најтешките моменти во родителството (досега)

– Учењето само да мочка во нокшир. Тоа траеше десет дена! Едноставно тој беше спремен за тоа, а јас сфатив кога морав да го бркам околу куќата за да му ставам пелена.

За учењето од децата

– Дефинитивно многу ме научија за слободата, отвореноста кон животот и настаните во животот. Мислам дека порано се оптоварував со сè што се случува и како тоа ќе се случува, планирав сè да биде совршено, но тоа баш и не е живот. Немојте погрешно да ме сфатите, некои работи дефинитивно мора да се планираат. А, од друга страна, постои и дел од животот кој спонтано и природно се одвива пред вас.

Нејзиниот совет за идните родители

– Бидете подготвени. Мислите дека порано бевте уморни – вели Алиша.



912

X