Познато е дека домашните миленици можат да предизвикаат алергии кај бебињата, децата и возрасните. Тоа е чест проблем бидејќи децата многу ги сакаат животните, па родителите често се во дилема дали да им земат милениче и дали децата ќе добијат алергија.

Алергијата на домашни миленици вклучува реакција на протеините кои се наоѓаат во животинските клетки, секретот или урината. Симптомите ги вклучуваат вообичаеното кивање и течење на носот до блага треска. Некои, исто така, може да развијат знаци на астма, како што е отежнато дишење. Најчеста причина за алергии на домашни миленици е изложеноста на мртвите клетки од кожата кои се отфрлаат. Иако секое животно со крзно може да биде извор на алергии, алергиите најчесто се поврзуваат со мачките и кучињата.

Покрај горенаведените симптоми, важно е да се истакнат и следниве:

-чешање на носот, непцето или грлото
-чешање, црвенило или насолзени очи
-кашлица
-притисок на лицето и болка
-чести будења и лош сон
-отечени и сини кругови под очите
-често триење на носот во нагорна насока.

Исто така, може да се развие и алергиски дерматитис кој се карактеризира со исип, чешање и егзема. Овој тип алергија, како и повеќето, има врска со генетиката, што значи дека ако некој од членовите на семејството е алергичен на домашни миленици, постои голема веројатност дека и детето ќе биде чувствително. Меѓутоа, ако тоа не е случај, а забележите реакција, најдобро е да направите мал тест.

Симптомите се интензивираат или се појавуваат при директен контакт со животното. Доколку се сомневате и имате домашно милениче, испратете го вашето дете неколку дена на гости и видете дали алергијата ќе се смири, а има и различни тестови со кои точно може да се идентификува причината за алергијата.

Ако сакате да имате домашно милениче и мислите дека вашето дете може да е алергично, размислете да почекате додека детето не наполни шест години, бидејќи симптомите се поретки кај постарите деца. Алергијата на домашно милениче ќе предизвика силна кашлица кај вашето дете кога ќе има 4 или 5 години, но ако има 8 години, реакциите веројатно ќе бидат поблаги.

Извор



912

X