45-годишната музичарка Аланис Морисет пред три месеци на својот инстаграм-профил ја споделила среќната вест дека ќе стане мајка, по трет пат.

Во најновото интервју за „Селф“, пејачката зборувала за болката што ја преживеала по неколкуте спонтани абортуси, поради што била уверена дека никогаш нема да има големо семејство, кое толку многу го посакувала.

Фотоизвор: Инстаграм

– Помеѓу Евер и Оникс имаше неколку тешки почетоци. Отсекогаш сум сакала да имам три деца, но потоа имав неколку спонтани абортуси и мислев дека мојата желба нема да се исполни. Беше тоа еден мачен период, исполнет со губиток. Во тој период толку многу научив за своето тело, биохемијата, имунитетот и гинекологијата – рекла Аланис, која потоа одлучила да преземе други чекори за да забремени.

– Почнав да гледам поинаку на моето здравје. Го контролирав крвниот притисок, водев дискусии со лекари, бабици, поминував низ многу тестови, операции и прегледи. На крајот нештата се променија – додала Аланис.

 

 

View this post on Instagram

 

off to europe as a community. ✨✨✨??❤️❤️❤️❤️❤️?????‍??????‍♀️ #loveyou

A post shared by Alanis Morissette (@alanis) on

Таа и нејзиниот сопруг Марио Тредавеј се венчаа во мај 2010 година и имаат син и ќерка. Евер Имре е роден на Божиќ во 2010, а Оникс Солас во јуни 2016 година.



912

X