Тимската работа се учи. Дома со браќата и сестрите, во паркот, во градинка, на училиште. Некои деца се родени како тимски играчи, па тоа им оди лесно, но на други им е потешко бидејќи се понасочени кон самостојно остварување на целите.
На страниците на „Пинтерест“ има презентирано одлична активност низ која помладите основци (или можеби децата од претшколска возраст) може да го вежбаат тимскиот дух.
Низ тимската работа децата учат да:
– си помагаат едни на други
– работат заедно
– сите треба да учествуваат
– работат заедно на остварување заедничка цел
– сите истовремено се и лидери и оперативци
– слушаат други
– се флексибилни.
Колку пати се случило во одделението да има дете на кое никогаш не му дофрлаат топка или кое последно го избираат за тимот? Овде го нема тоа – сите учествуваат и сечија работа за еднакво важна.
За активноста се потребни:
– пластични (или хартиени) чаши
– гуми
– конец (јаже)
Децата треба да се поделат во тимови (по 6 во еден тим). Тимовите може, но и не мора, меѓусебно да се натпреваруваат. Целта е да се изгради пирамида од пластични чаши – 3 на дно, 2 во средина и една на врв. Најважното правило гласи: чашата не смее да се допре со раката или кој било друг дел од телото, дури ни ако падне на подот. Се управува само со конец. На секоја чаша се врзани 6 конци и секој член на тимот држи по еден.
Еве како изгледа (фотографии преземени од „Пинтерест“):
На некои тимови ќе им бидат потребни 2 минути за да ја исполнат целта, на некои тимови 10, а на некои воопшто нема да им успее. По завршувањето на играта отворете дебата и одговарајте на следните прашања:
– Дали некого оваа игра го налути, изнервира? Зошто?
– Што сте научиле за себе и за другите?
– Зошто тимската работа е важна за успехот во оваа игра?
– Што е најтешко во тимската работа?
– Кои вештини се потребни за да се биде добар тимски играч?
– Како можете да ги користите вештините и знаењата што денес ги стекнавте во играта и во другите активности во секојдневниот живот?
Се разбира, прашањата треба да се приспособат на возраста!