Замислете да преживувате канадска зима без чизми и топло палто. Замислете да ја немате соодветната опрема, а живеете на север, каде што зимата веќе е започната и просечните температури во февруари се движат околу -30 Целзиусови степени. Тоа била реалноста за некои деца од Арктик Беј, Нунавут, сè додека канадскиот актер не реализирал дарежлива донација.

Рајан Рејнолдс одговорил на повик на „Твитер“ во кој се барале донации за зимска опрема за деца од мала заедница, каде што временската прогноза често најавува снег. Пејачката и авторка Беки Хан, која исто така е од Арктик Беј, го објавила повикот на „Твитер“ во септември. Таа се обратила до училиштето да праша дали им е потребен и училиштен прибор. „Некои деца речиси немаат соодветна опрема“, рекол директорот на училиштето, Грег Дурант. „Имаме деца кои навистина немаат доволно“. Па, Хан го напишала на „Твитер“ следново: „Во училиштето К-12 од мојот роден крај потребни се панталони за снег за учениците. Ако сакате да донирате пар или два, ова е адресата…“

Не поминало многу време до моментот кога Рајан Рејнолдс ѝ се обратил директно за да праша како може да помогне. „Бев трогната“, рекла Хан во интервју за Си-би-ес. „Бев благодарна што луѓето слушаат и сакаат да помогнат. И тоа што Рајан беше загрижен за Инуитите во Нунавут“.

Рејнолдс стапил во контакт со училиштето за да открие што точно им е потребно, а потоа се обратил во компанијата која произведува скапа зимска опрема „Канада Гус“. Портпаролот на компанијата не истакнал колку пари донирал Рејнолдс, но потврдил дека тие испратиле стотици панталони, чизми, капи, јакни и ракавици за децата во заедницата. На крајот, 329 деца имале придобивка од донацијата.

Автор: Хуанита Тејлор

Извор



912

X