Воспитување

Актерот Џејмс ван дер Бик покажа како изгледа успешен шопинг со 6 деца

Ако мислите дека е тешко да одите во продавница со едно дете, замислете како им е на родителите со шест деца. Актерот Џејмс ван дер Бик, кој го играше популарниот Досон во тинејџерската серија „Досон Крик“ во 90-тите, многу добро го знае тоа.

Неодамна на „Инстаграм“ објавил видео од успешното шопинг-патување на кое ги понел сите шест деца. Сите членови на семејството учествувале во шопингот со поделени задачи. Двете ќерки ја празнеле количката со намирници и ги ставале на подвижната лента. Во меѓувреме, другите деца стоеле на крајот од касата и ги чекале намирниците, кои потоа ги ставиле во кутии. На крајот од видеото, сопругата на Ван дер Бик, Кимберли, скокнува во кадар со најновиот член на семејството, 10-месечната Реми.

„Тимската работа помага да се остварат соништата“, коментира тој во видеото, во кое удобно ја отсвирил и препознатливата мелодија „Невозможна мисија“. Среќната двојка ги има 11-годишната Оливија, 10-годишниот Џошуа, 8-годишната Анабел, 6-годишната Емилија, 4-годишната Гвендолин и 10-месечното бебе Реми.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top