Рејчел Билсон, позната актерка и мајка на едно девојче, открива како се изборила со оваа тешка година. Таа истакнува дека се трудела да има позитивен став за нејзината ќерка да не ја почувствува ситуацијата со која се соочуваше светот.

– Децата лесно се приспособуваат на промени, а ние родителите забораваме дека сето ова влијаеше врз нас. Децата се во ред – вели таа и додава дека неизмерно уживала во заедничките моменти поминати со своето девојче.

Но, покрај сите тие убави моменти, на мајките им е потребно и време за себе. Сепак, тоа може да биде малку тешко, а Рејчел открива како тоа изгледа кај неа.

– Ако се истуширам неколку пати неделно, тоа за мене е успех. Не се жалам, да се разбереме. Живеам во пижами и џемпери, а јас ги обожавам – вели таа и истакнува дека навистина се труди да најде моменти за себе заради сопственото здравје. Токму затоа сака да ги инспирира и охрабри и другите родители да го направат истото.

– Мислам дека тоа е клучно, особено оваа година – вели таа.

Извор



912

X