Ако чувствувате мајчинска вина, не сте сами. Тоа е проблем со кој се справуваат многу вработени мајки, вклучувајќи ја и актерката Клои Севињи. 47-годишната актерка пред две години го родила своето прво дете, синот Вања.

– Плачам кога само размислувам за фактот дека сум актерка и мојата кариера ни ја плаќа хипотеката. Не можам да се пожалам, многу сум привилегирана, но им завидувам на мајките што работат од 9 до 17 часот. Се обидувам да ја надминам мајчинската вина, но тоа е доста тешко. Не сум била на масажа две години и постојано се прашувам дали Вања е добро, дали паднал, дали ќе го удри автомобил – изјавила таа за „Сандеј тајмс“.

Севињи забременила на 45 години. Таа мисли дека тоа бил моментот „сега или никогаш“. „Цел живот сонував дека тоа ќе се случи по природен пат, а потоа ми се чинеше дека ќе морам да го форсирам тоа, па бременоста доби различна конотација“, додала таа.

„Семејниот живот ме натера да размислувам какви улоги ќе земам. Сигурна сум дека кариерата ќе продолжи, но сега морам да размислувам за изборите што ќе ги направам“, заклучила таа.

Извор



912

X