Повеќе од јасно е дека проблемите не се решаваат со насилство. Чарли Чаплин еднаш рекол: „Сила ти треба само ако сакаш да направиш нешто лошо, за сѐ друго е доволна љубовта.“

Следствено на тоа, прочитајте ја и оваа кратка приказна…

– Антун Густав Матош еднаш на улица видел жена како го удира своето дете по глава. Револтиран од таквата постапка, тој ѝ се приближил и ѝ рекол: „Кога веќе мислите со тепање да го одгледувате своето дете, тогаш барем не правете го тоа со удари по главата. Тоа може да донесе штетни последици!

– Многу важно. И мене така ме одгледуваат родителите – рекла жената.

– Значи, сфаќате дека имам право! – ѝ рекол Матош и си заминал оставајќи ја збунета.

Извор



912

X