Ако вашето дете сака да им наредува на другите деца што да прават, ако ги навредува, ако исклучува врсници од групата или се однесува на нељубезен начин, обично не станува збор за намера ниту злоба. Можно е детето да се бори со сериозно чувство на несигурност и вознемиреност.
Овие сложени емоции се непријатни и тешко разбирливи. Малите деца немаат самосвест или вештини за ефективно да се справат со овие стимули, па затоа ги проектираат на другите и им го припишуваат изворот на таквите емоции.
Денес се промовира родителскиот стил чија цел е да ги научи децата на љубезност и обзир.
Иако е моќна и важна алатка, таа не ги решава основните проблеми што предизвикуваат нељубезно однесување. Ова се неколку стратегии кои би можеле да помогнат:
Управувајте со сопствените емоции и реакции
За повеќето родители е вознемирувачко да забележат дека нивното дете е нељубезно. Тие се загрижени за тоа што значи таквото однесување за нивното дете, по што реагираат и постапуваат по него со надеж дека ќе го убедат да го промени своето однесување: „Зошто би бил злобен кон другарите? Никој нема да сака да си игра со тебе ако секогаш му кажуваш што да прави“.
Проблемот е што таквите реакции имаат за цел да го засрамат детето, што кај него развива одбранбена реакција. Го обземаат негативни емоции и се затвора во себе. Како резултат на тоа, многу е помала веројатноста да размислуваат за своето однесување и да го променат. Имајте на ум дека не можете да го натерате вашето дете да биде љубезно.
Ваша задача е да му покажете на детето дека сте на негова страна, дека ќе бидете доверлив помошник кој без осудување ќе го води во размислувањето за околината, за да научи да ги носи најдобрите одлуки за себе.
Објаснете му дека и на добрата личност му е тешко понекогаш да се однесува љубезно
Можете да започнете вака: „Понекогаш сите сме љубоморни на некого околу нас, и често чувствуваме потреба да се натпреваруваме со другите. Тоа е дел од човечкото однесување. Но, кога ќе почнеш да се однесуваш нељубезно кон некого поради твоите чувства, не е само штетно за другата личност туку и за тебе“.
Опишете ја ситуацијата, онаква каква што е, без критики или осуди
Кажете му на вашето дете дека сте забележале дека сака да биде главен, дека има идеи за тоа како би сакал да се одвива играта. Забележете дека кога другарчињата на детето имаат различни идеи, тоа не му се допаѓа и почнува да ги навредува за да ги натера да го прават она што го сака. Објективно изложете ја ситуацијата на детето без осуда.

Бидете водич за вашето дете во размислувањето за исходот од неговите постапки
Наместо да му кажете што да прави, набљудувајте. Поставувајте прашања кои ќе му помогнат објективно да ја погледне ситуацијата: „Кога им кажуваш навредливи работи на твоите другарчиња, што се случува следно? Кога ќе побегнат од тебе или ќе му кажат на наставникот што си направил, како се чувствуваш? Кои други одлуки би ги донел?#
Помогнете му на вашето дете да ги реши проблемите
Штом вашето дете ќе види дека вие се обидувате да му кажете што да прави или да го засрамите поради неговите постапки, многу е поверојатно дека ќе биде отворено да ги преиспита своите постапки и да ги исправи непожелните однесувања.
Помогнете му на вашето дете да престане со нељубезното однесување
Заедно со вашето дете смислeте збор што ќе го изговорите гласно кога ќе видите дека почнува да биде грубо. Ова му дава на вашето дете сигнал да запре и да го поправи курсот пред работите да излезат од контрола.
Вашето дете треба да научи да ги решава своите проблеми. Не можете да го присилите на ништо. Пристапот без осудување му дава можност да воспостави врска помеѓу неговото однесување и неговиот исход и е поверојатно дека на крајот ќе направи позитивни промени за кои знаете дека добро ќе му послужат.