Соодносот помеѓу екстровертите и интровертите во светот е 3:1. Ако вашето дете е интроверт, родителството може да биде малку покомплицирано. Интровертите често се осамени и нивните родители може да имаат впечаток дека не напредуваат во социјалната интеракција и ангажираност како нивните врсници. Еве како да препознаете дали вашето дете е интроверт.

Избегнува контакт со очите и интеракција со другите, особено со нови луѓе

Запознавањето нови луѓе може да биде исцрпувачко за еден интроверт. Таквото однесување не подразбира грубост, но детето се обидува да се заштити од непријатноста што ја чувствува кога се среќава или има интеракција со луѓе што не ги познава добро.

Има напад на бес или е вознемирено по напорниот ден

Еден ден поминат во градинка или училиште може да биде исклучително исцрпувачко за интровертно дете. Ако знаете дека ви претстои долг период кој вклучува многу социјални интеракции, погрижете се да поминете тивко време насамо со вашето дете, пред или потоа.

Зборува само со себе или со омилените играчки

Интровертите обично се потивки од екстровертите бидејќи го процесираат светот однатре. Немојте да се изненадите ако „го фатите“ вашето дете додека зборува само со себе или со својата омилена кадифена играчка. Ова е неопходно за интровертното дете.

Повеќе сака да си игра само отколку со други деца

Уживањето во независна игра е карактеристика на интровертното дете, кое повеќе би сакало да ја користи својата имагинација и да игра само со себе отколку да комуницира со други деца, особено во големи групи или кога тие деца не му се добро познати.

Се држи до пријателството со само неколку деца

И на интровертите им се потребни пријатели, но тие се држат до неколку блиски и доверливи луѓе.

Не сака да пробува нови работи

Бидејќи новите искуства обично вклучуваат интеракција со нови луѓе и места, интровертното дете можеби нема да биде ентузијастички расположено за нов потфат, претпочитајќи да се држи до ситуациите што ги знае и во кои се чувствува удобно.

Има проблем да ги изрази своите емоции

Интровертите ги обработуваат своите емоции внатрешно, па може да им биде тешко да разговараат за нив со некој друг, дури и со родителите. Не присилувајте го детето, туку дајте му време да размисли и да ги обработи своите емоции, па да дојде кај вас кога ќе биде подготвено.

Извор



912

X