Игротека

Што да сторите кога бебето плаче со часови?

Речиси секој родител поминува низ тоа. Седите и ви се чини дека со часови го заспивате вашето бебе, кое непрекинато плаче. Најверојатно сте готови да заплачете. Но, доволно е да направите една работа за вашето дете да престане да плаче.
Всушност, треба да станете. Проверете, ќе видите, бебето веднаш ќе се смири. Ако седнете повторно, тоа пак ќе почне да плаче. Овој феномен е забележан речиси од сите родители, толку е вообичаен што научниците решиле да го истражат.

Студијата била спроведена во 2013 година, а резултатите биле објавени во научното списание „Кјурент биолоџи“. Резултатите укажуваат дека бебињата се генски условени да бидат помирни кога се наоѓаат во рацете на родител што стои отколку ако седи.
Сето ова се сведува на раните денови од човештвото, кога луѓето од сите страни биле опкружени со предатори. Ако мајката стоела со бебето в раце, тоа ќе ѝ дадело неколку вредни секунди предност при бегство од напаѓачот. Така, бебињата еволуирале да бидат смирени кога родителот што ги држи стои.
Истражувањето покажа дека бебињата не само што се потивки кога стоиме, туку и нивниот пулс е побавен. Оваа предност е условена со еволуцијата, ако се смири бебето во рацете на мајката, ќе има поголема шанса да се преживее опасноста – заклучува студијата.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top