Жалењето во врска со лошиот темперамент на вашата девојка или постојаните замерки од вашиот партнер дека сте „иритирачки“ можеби веќе не е причина за грижа. Ова доаѓа по откритието на една студија, која тврди дека жените со посилни карактери треба да се сметаат за вистински скапоцени камења од страна на нивните партнери – среќници. Според истражувањето, овие жени, всушност, можат да го намалат ризикот од развивање здравствени состојби кај партнерите, на пример, дијабетес. Ова се деталите од студијата што ја менува перцепцијата за тоа што значи да се биде во идеална врска.

Придобивките од тоа да се биде во лошо расположение

Негативните последици од силниот карактер се дискутабилни, но сето тоа има и свои придобивки. Студијата спроведена од специјалисти од универзитетите во Мичиген и во Чикаго го открила токму тоа. Тие анализирале дали поседувањето изразен темперамент може да има влијание врз здравствената состојба на луѓето во врска, со фокус на потенцијално развивање дијабетес.

Што да се земе предвид

Вкупно 1.228 луѓе и нивните партнери учествувале во студијата. Паровите биле прашани за нивото на задоволство што го чувствуваат во врската, колку се среќни со партнерот и дали го поминуваат заедно слободното време. Исто така, одговориле на прашања за количината на доверба и отвореност што ја имаат меѓу себе, како и за барањата и критиките што им биле упатувани од страна на партнерите.

Резултатите се разликувале кај мажите и жените

Квалитетот на врската варира во зависност од полот на учесниците. Жените што пријавиле дека имаат позитивна средина во врската имале и намален ризик за развивање дијабетес во иднина. Научниците објасниле дека ова се случува бидејќи тие се повеќе свесни за начинот на кој стапуваат во интеракција со своите партнери, што потоа има и значаен ефект врз нивното метаболичко здравје.

Клучот е во контролата

Откритијата во однос на мажите ги изненадиле истражувачите бидејќи биле спротивни од оние за жените. Мажите што пријавиле дека се во врска со жени кои сакале да имаат постојана контрола и кои биле насочени кон критики или, пак, имале повеќе барања од мажите покажале помала веројатност од развивање дијабетес подоцна во животот.

Регулирано однесување

Овие мажи не само што имаат помал ризик за развивање дијабетес туку и ги подобруваат можностите за контрола на нивоата на шеќерот, откако ќе се појави дијабетесот. Научниците го потенцираат фактот дека ова не е резултат на интензивната и конфликтна врска, туку е резултат на трудот на личноста во однос на здравјето на партнерот, што се преведува како критикување или барања.

Знак за интелигенција

Жените што се темпераментни обично донесуваат подобри одлуки бидејќи, според студијата спроведена во Школата за психологија на Универзитетот во Јужен Велс, тие се попаметни. Поентата е дека се и повеќе скептични, што ги води до тоа да донесуваат пообјективни и анализирани одлуки. Дополнително знаат како да артикулираат порака на убедлив и ефективен начин. Можеби затоа нивните партнери обрнуваат повеќе внимание на нив, а резултатот е подобро здравје.

Темната страна на изразениот темперамент

Жена со силен карактер може да има некои предности кога се обидува да донесе одлука. Сепак, според истражувањето спроведено од Хуан Мануел Ромеро Вила, автор на книгата „Оној што се лути се дебелее“, луѓето што обично се во лошо расположение имаат тенденција да ја покачуваат телесната тежина. Ова се случува бидејќи нивните тела ослободуваат адреналин и кортизол, што може да предизвика воспаление и како резултат на тоа не можат да ја ослободат енергијата, а тоа доведува до зголемување на тежината.

Извор



912

X