Кој би рекол дека малите деца можат поточно да опишат некое случување отколку возрасните?
Ако се обидувате да ја откриете вистината за некоја сомнителна ситуација, изгледа дека подобро е да разговарате со седумгодишно дете, отколку со возрасна личност. Според истражувањето на американскиот универзитет „Корнел“, тоа е затоа што возрасните и децата различно се сеќаваат на случувањата на кои посведочиле. Децата, имено, обично се сеќаваат на точното случување, а возрасните на значењето на она што се случило.
Ова откритие сугерира дека децата се помалку склони кон создавање на лажни сеќавања настанати според сликите, ставовите и вредности низ кои, како филтер, возрасните ја провлекуваат ситуацијата на која сведочат. Затоа, добро е да се сослушаат малите деца додека ја кажуваат најточната верзија од некоја случка.
Единствено не е кажано, до која година вреди ова точно пренесување на факти, а кога ќе влезат во нашиот „возрасен“ облик на прераскажување.