Воспитување

Ако сакате да дознаете како детето го доживува својот татко, погледнете како црта сонце

Ако сакате да дознаете како ве доживува вашето дете, дајте му да нацрта куќа, која всушност го симболизира односот на детето кон мајката. Сонцето е таткото, дрвото е самото дете, пишува Александра Цвјетиќ за zelenaucionica.

Пуштете ги децата да цртаат, на тој начин ги изразуваат своите психички состојби, стравови, радости, желби… Најлесно ќе навлезете во главата и срцето на вашето дете ако му дадете боици и хартија – детето не ги црта работите како што ги гледа, туку како што ги доживува.

Кога детето црта куќа со силни бои, со сите основни елементи: покрив, прозорци, врати, знајте дека тоа всушност прикажало како се чувствува во своето семејство, а се чувствува сигурно, сакано и среќно. Куќата со темни бои, без прозорци, на пример, кажува дека детето се плаши од нешто, дека нема близок однос со мајката и дека би требало да се запрашате дали во вашата куќа владеат хармонијата и љубовта, или нетрпеливоста, брачните кавги, љубомора помеѓу децата…

Кога таткото сака да дознае како го доживува сопственото дете, треба да го замоли да нацрта сонце. Големо и жолто, значи дека детето ве доживува како важен член на семејството, заштитник кој во неговиот живот внесува светлина и топлина. Мало сонце, сокриено зад облаците, планините, дрвјата… значи дека му недостигате и дека е време да му посветите повеќе внимание. На левата страна на цртежот секогаш се лицата што му се најблиски на детето, а оние што ги нема на семејниот цртеж не се несакани, туку ним детето им е луто и љубоморно.

Ако детето на цртежот е босоного, тоа значи дека е несигурно, а премногу исенчен цртеж цртаат децата што се нервозни. Многу е важно и како детето црта дрво. Кога дрвото е на централно место на листот, значи дека детето се развива природно, во личност со изразена свест за себе. Разгрането дрво, со зелени лисја и плодови, укажува на детето кое е сигурно во себе и своето семејство. Лисја што паѓаат е знак дека на детето му недостигаат родителите.

Чудовиштата значат дека децата од нешто се плашат, како и тенките потези со боицата. Агресивното дете црта со енергични потези, често и ја кине хартијата. Премногу детали црта детето што има прилично реален поглед на светот.

Меки, подебели линии користи дете што има способност за фантазирање, додека краеви и агли црта темпераменто дете.

Без разлика на тоа колку се важни цртежите, оставете го детето само да црта. Дури кога ќе заврши, пријдете му и погледнете што направил малиот сликар и задолжително пофалете го. Направете домашна изложба, повикајте ги другите членови на семејството, уживајте во „раната работа“.

Поврзани написи

To top