Воспитување

Ако различно ги третирате своите деца, правите раздор во семејството

Иако родителите никогаш не признаваат, сепак, може да имаат миленик меѓу своите деца. Едно истражување открива дека оваа шема, позната како „родителска разлика“, не влијае само врз децата што на некој начин се запоставени, туку и врз целото семејство.
Освен тоа, оваа студија покажува дека колку е поголема разликата во односот кон децата во семејството, толку е полошо влијанието врз менталното здравје на сите деца во домот.
Досега во психологијата се сметаше дека детето што чувствува дека родителот го преферира неговиот брат или сестра е единственото што трпи негативни последици, но сега е јасно дека сите во семејството се погодени.
Истражувањето покажало дека децата што потекнуваат од вакви семејства во иднина имаат проблеми со социјалната интеракција и потешко се справуваат со нив.

Но, доктор Рахил Бригс вели дека оваа разлика родителите не ја прават свесно и со намера.

– Иако сите родители знаат дека е најдобро да се избегнува да се споредуваат децата и дека треба да се стремат вниманието што им го посветуваат да биде еднакво, сепак тоа е неверојатно тешко бидејќи врз односот на родителот со децата влијаат безброј фактори, како сиромаштијата, менталните болести, физички болести на децата – додава таа.

Имено, мајките што биле под емоционален и финансиски стрес не се однесуваат праведно кон децата.
Поради тоа, докторите советуваат:
– Како родители мораме да бидеме свесни за факторите што влијаат врз нашиот однос со децата и не смееме да дозволиме да правиме таков раздор во семејството.

Поврзани написи

To top