Педијатрите не им прават услуга на своите мали пациенти кога претпазливо ќе им најават дека убодот од инјекција ќе боли малку, покажала американска студија.
Децата поинтензивно ја чувствуваат болката кога ја очекуваат, и тој феномен е познат кај возрасните, се покажало во студиите што ги водел психологот Калина Михалеска од Универзитетот на Калифорнија.
Во истражувањето биле вклучени 20 здрави деца, 20 деца со некакви тешкотии и 23 возрасни луѓе. На кожата им била нанесена маст што предизвикува чувство на жештина. Кога не знаеле за што се работи, интензитетот го оцениле како „умерен“.
Во другиот обид, иако им било нанесено истото средство со најава дека „ќе боли малку“, сите три групи го оцениле интензитетот на болка како „посилен“.
– Заклучивме дека кај двете групи деца интензитетот на болка зависи од знаењето дека ќе ги боли – рече Михалеска.