Иако за многу жени бременоста е еден од најдобрите периоди во животот, ако одлучи да има деца, војвотката Меган Маркл нема да може да ужива во блажената состојба.
Како што истакнува Викторија Арбитер, експерт за традиција на кралското семејство, поради строгите кралски правила, за нив е незамислив обичајот на дарување на мајката и бебето пред породувањето, кој е многу популарен во САД.
Така, Меган нема да може да ги собере фамилијата и пријателките и со торта и подароци да ја прослави бременоста, како и доаѓањето на бебето.

Прослава и дарување

– Со оглед на тоа дека британското кралско семејство е едно од најбогатите во Европа, такво нешто би било незамисливо и пред сè недолично – вели Арбитер.
Иако официјална прослава не е дозволена, Маркл, според правилата, смее да прифати подароци од фамилијата и од најблиските пријатели, но без славење.

Строго ограничени патувања

Иако на ниедна трудница не ѝ се советува да патува со авион, кај кралското семејство тоа е уште построго. Кејт Мидлтон мораше да ги сведе патувањата на минимум кога беше трудна, а само еднаш во три бремености леташе со авион. Истото би важело и за Меган, што не би било толкав проблем ако нејзината фамилија и сите пријатели не живееја преку океанот.

Полот на детето мора да биде тајна

Иако многумина не веруваа во тоа, наводно Кејт и Вилијам не го знаеја полот на ниедно дете пред да се роди, а не пак да ја откријат таа информација. Тоа е уште една работа што би требало да остане тајна и за јавноста и за родителите.

Медицинскиот тим што се грижи за трудницата

Меган, како и Кејт, би требало да има цел тим од медицински персонал што би се грижел бременоста и породувањето да поминат во најдобар ред. Војвотката од Кембриџ за сите бремености имаше покрај себе „тим од соништата“. Нејзината екипа ја сочинуваа 2 гинеколози, 3 бабици, 3 анестезиолози, 4 хирурзи во случај на царски рез, 4 педијатри и лабораториски техничар.



912

X