Знаеме дека жените извршуваат повеќе неплатена работа од мажите и дека татковците имаат повеќе слободно време отколку мајките, но ова е сложен проблем дури и за мажите што сакаат да бидат еднакви партнери и вклучени татковци, кои сакаат да го изедначат обемот на работа дома. Поголемиот дел од задачите и понатаму ги извршуваат мајките.

Ниту една земја во светот не е на пат да ја достигне родовата еднаквост до 2030 година, цел што ја усвоија 193 земји-членки на Обединетите нации во 2015 година. Родовиот диспаритет во неплатената работа тука има огромен фактор. Жените едноставно извршуваат повеќе неплатена работа од мажите, а тоа влијае врз нивната кариера, семејството и односите.

Но, според новиот извештај на платформата „Состојбата на татковците низ светот“ се посочува  едноставно решение: мажите треба да извршуваат помалку од еден час неплатена работа дневно, а жените треба да го намалат своето неплатено време.

Според извештајот „Состојбата на татковците низ светот“, ова ќе го олесни товарот на мајките и ќе сруши некои од социјалните бариери што ги спречуваат луѓето да бидат татковци какви што сакаат да бидат.

– Потребно е мажите да прават дел од работа која сега е должност на жените. 50 минути неплатено работно време за да ги ослободат жените, со што ќе се приближиме до еднаквоста – вели претседателот и извршен директор на „Промундо“, Гери Баркер.

Баркер, кој го основал „Промундо“ како самохран родител, вели дека мажите треба да бидат охрабрени да извршуваат неплатена работа, а општеството треба да направи промени што ќе ги поттикнат мажите да извршуваат дополнителни 50 минути на ден.

Нудењето платено, породилно отсуство, посебно за татковците, може да ги натера татковците да ги извршуваат овие дополнителни 50 минути. Таквите политики веќе постојат во некои делови од светот и го менуваат начинот на кој татковците и нивните деца гледаат и учествуваат во неплатената работа.

Породилното отсуство и пофлексибилната култура на работното време за сите родители се клучни делови за дистрибуција на работата низ дома.

– Ова е за менување на односите меѓу мажите и жените. Да, станува збор за промени во културата, но постојат многу мажи што би биле добри мажи, татковци и синови ако не беа казнети за тоа на работа – вели Браво.

50 минути можеби не изгледаат многу, но тие би го промениле животот на толку многу мајки.



912

X