Дали сте знаеле дека прехранбените навики на детето се формираат уште во матката, а потоа и во текот на доењето? Освен што мајчиното млеко е најздравата опција за прехрана на новороденчето, доењето влијае и врз формирањето на идните прехранбени навики. Сигурно се прашувате како…

Во текот на првата година од животот детето стекнува многу обрасци, па така и прехранбени, кои секако ќе зависат и од прехранбените навики на родителите, а особено на мајката. Додека е во матката, детето доживува различни вкусови на храна кои неговата мајка ги консумира во текот на бременоста, а кои ги прима преку плацентата. Но, кога мајката ќе го роди и ќе почне да го дои детето, дури тогаш нејзината исхрана е пресудна за развојот на сетилните пупки на детето.

За тоа сведочат и неколку студии спроведени на деца што биле премногу пребирливи околу храната. Едно истражување покажало дека децата што добивале адаптирано млеко во периодот до 6 месеци, имаат 2,5 пати повеќе шанси за создавање лоши прехранбени навики во детството отколку оние што консумирале мајчино млеко. Имено, мајчиното млеко не е секогаш со ист вкус, туку зависи од тоа со што се храни мајката, а детското чувствително непце и тоа како ги перципира различните нијанси на вкус во мајчиното млеко. Со оглед на тоа дека е изложено на поширок избор на вкусови, станува поотворено кон различна храна, а не само кон слатки вкусови кои најлесно ги прифаќаат децата.

Студија спроведена во САД во текот на 8 години зела како пример збир на деца кои сакаат да јадат овошје и зеленчук и група деца кои одбиваат да јадат овошје и зеленчук. Утврдено е дека љубителите на зеленчук и овошје биле доени деца во текот на својата прва година од животот, додека во втората група поголемиот дел од децата во текот на својата прва година биле хранети со млечна формула. Кога мајката се храни разновидно, преку своето млеко му дава на детето одреден распон на вкусови, па тоа, кога ќе прејде на кашички и цврста храна, нема да се изненади од различните вкусови, туку полесно ќе ги прифати.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X