Здравје

Повеќе деца – поголем притисок за родителите, покажува истражување

Кога станува збор за подигање деца, ако имате повеќе, не значи дека ќе бидете порадосни. Ново истражување што доаѓа од Австралија покажува дека имањето второ дете го влошува менталното здравје на родителите.

Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн анализирале податоци од 16 години од анкета за домаќинство, приходи и труд во Австралија. Тие откриле дека и двајцата родители покажале подобрувања во менталното здравје откако го имале првото дете. Но, второто дете го удвојува притисокот на родителите, додавајќи дополнителен стрес во нивниот живот и негативно влијание врз нивното ментално здравје.

Бјанка Родригез, брачен и семеен терапевт, вели дека наодите од истражувањето се во согласност со нејзиното професионално искуство.

– Се вели дека едно дете е она што го очекувате, но две деца е како да имате 10. Ова е така затоа што обемот на внимание што го бараат две деца не е двојно зголемен, туку експоненцијално поголем бидејќи сега имате додадена динамика помеѓу децата со која треба да управувате – вели Бјанка.

Истражувањето, исто така, открива дека второто дете има поголемо влијание врз менталното здравје на мајката отколку на таткото.

– Татковците добиваат подобрување од менталното здравје од своето прво дете, но исто така се намалува нивното ментално здравје со второто дете. Но, за разлика на мајките, менталното здравје на татковците се зголемува со текот на времето. Јасно е дека татковците не се соочуваат со истиот притисок како мајките – додава таа.

Истражувачите велат дека мајките доживуваат повисоко ниво на стрес кога станува збор за воспитување на децата, бидејќи традиционално жените имаат поголема одговорност во врска со грижата за децата. Истражувањето советува „колективизирање на грижата за децата“ и инвестирање во училишни автобуси, програми за ручек и пофлексибилни работни политики, за татковците да имаат поголема улога дома.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top