Јасмина Дражиќ, авторката на блогот Mamaonline.rs и мајка на две девојчиња, има неколку многу корисни совети за младите родители. Ви предлагаме да ги прoчитате, а доколку се најдете во нив, следниот пат кога ќе сакате да коментирате на таа тема, прво размислете – дали е тоа во ред?

– Ако имаш едно дете (некаде околу 6 месеци), не зборувај за тоа колку е лесно родителството.

– Ако живееш со свекрвата, а мајка ти ти готви секој втор ден, не зборувај дека сѐ е работа на добра организација.

– Ако имаш две деца, не крсти се кога некој сака трето. Ти сакаш две, таа личност сака повеќе.

– Ако пред една недела си го родила второто бебе, не радувај се однапред дека успеа да го воспиташ детето да не биде љубоморно.

– Ако имаш среќа што немаш проблем со доењето, не зборувај за тоа колку е лесно. За некого не е.

– Ако имаш едно дете, не прашувај ги другите: „А кога второ?“ И да имаш десет, не прашувај ги другите кога ќе имаат друго дете.

– Сфати дека не сите сакаат син. Ни како прво дете, ни по две ќерки. Не секој сонува да игра фудбал со својот син или продолжување на својата лоза.

– Не восхитувај се на туѓото родителство ако го гледаш само преку социјалните мрежи.

– Немој да му тврдиш на другиот родител дека би бил поинаков ако не си бил во таа ситуација.

– Не критикувајте го туѓото родителство. Ниту на социјалните мрежи ниту во живо.

– Родителството е како животот – сите сме добри во нешто и сите понекогаш грешиме. Има екстреми, но повеќето се разликуваат само во нијанси.

Извор



912

X