Некои лаги се пренесуваат низ генерациите, па и вие можете да се сетите за што сте ги лажеле родителите кога сте биле мали. Сепак, децата сѐ повеќе манипулираат и ќе се изненадите колку можат да бидат креативни во смислувањето нови лаги. Студија објавена во списанието „Law and Human Behavior“ покажала дека во само 47 проценти од случаите родителите откриваат дека нивното дете лаже. Тоа значи дека во повеќе од половина од случаите паѓаме на детските лаги. Без разлика дали се работи за мало дете или ученик, ова се најчестите лаги и изговори што ќе ги слушнете:

-Ако добијам куче, ветувам дека ќе го шетам и хранам.
-Сè уште не сме ги добиле оценките.
-Ако ми дозволите (внесете барање на детето), никогаш повеќе нема да побарам ништо!
-Ми требаат пари за училишен прибор.
-Тој прв почна!
-Ме боли главата. Не можам да одам на училиште.
-Тато рече дека може.
-Добро сум.
-Мојот телефон е испразнет.
-На роденденската забава ќе има и родители.
-Доцнам на училиште бидејќи има метеж.
-Ручав.
-Не те блокирав на „Фејсбук“. Мора да е грешка.
-Ќе бидам многу внимателен/а додека го возам вашиот автомобил.
-Не знам како се оштетил автомобилот. Можеби некој го удрил на паркинг.
-Еве, ќе завршам со играњето видеоигри за две минути.
-Никогаш не сум пробал/а пиво.
-Не, остатокот од храната не го фрлив во ѓубре.
-Заборавив.
-Наставничката не ни даде ништо за домашна работа.
-Тој не ми е дечко, ние сме само пријатели.
-Сега си легнувам.
-Ќе го сторам ова подоцна утре.
-Јас не ја започнав борбата. Се обидов да ги раздвојам.
-Секако дека ги заштедувам парите што ги добив.
-Јас сум во библиотеката. Учам.
-Ќе ја носам кошулата што ми ја купи.
-Го извадив месото од фрижидер веднаш штом ми рече.
-Сакам семејни одмори.
-Секогаш возам под ограничувањата за брзина.
-Јас не го направив тоа.
– Учев до доцна.
-Не ја видов твојата порака.

-Веќе ги измив забите.
-Те слушам.
-Навистина учев. Не знам зошто добив лоша оценка.
-Не го изедов јас.
-Родителите на мојот пријател секогаш го дозволуваат тоа.
-Не сум уморен/а.
-Не ми е грижа.
-Никогаш не ги прескокнував часовите.
-Не се срамам од тебе.
-Ќе дојдам дома во договореното време.
– Секогаш велат „не ми се оди во тоалет“, а набргу потоа почнува да им се оди.
– Тоа дефинитивно не го изедов.
-Не сум гледал филм кој не одговара на моите години.

Можеби имате нешто да додадете на листата?

Автор: Сандра Крстановиќ

Извор



912

X