Ќе има време за индивидуалност, специјалност… Сега е важно вашето дете да биде како сите други

Во животот постојат моменти кога детето ќе посака нешто за да биде „како и сите други“. Без разлика на сè, секоја генерација има свои радости. Барбики, спинер, слајм, кукла без коса итн. Психолозите велат – купете му на детето што сака! Воопшто не е лошо да се биде како сите други.
Дури и ако таа играчка е со лош квалитет и е поскапа отколку што очекувавте, купете ја.
Дури и ако вашиот софистициран вкус протестира, а можете да му овозможите на вашето дете нешто подобро – сепак купете му го она што ви го бара. Зошто? Затоа што така треба.

Ова правило не важи секој пат, но важи за ова барање „сите тоа веќе го имаат“. Кога детето ќе ви го каже тоа и бара од вас да му ја купите оваа играчка – купете ја бидејќи за децата работите се комуникатори. Ова е лозинка за влез во кругот, за прифаќање. Вашето дете тогаш ќе стане дел од детската заедница.

„Сите носат такви фармерки“ или „сите девојчиња имаат блуза со слика која оди горе-долу“.
Иако ова се ситници, послушајте го своето дете и купете му ја оваа банална работа. Не дозволувајте на таа возраст да се разликува и одвои.

Проголтајте ја гордоста, закопајте ги принципите и овозможете му на вашето дете да влезе во кругот на припаѓање во општеството.
Зад таквите глупости, како што се играчките или облеката, се кријат важни чувства. Во одреден момент важно е да биде еден од многуте. Така децата стануваат моќни и сигурни во себе.

Ќе дојде време кога ќе бидат индивидуални. Еден ден детето нема да сака да биде како сите други.

Обидите на родителите да го променат мислењето на детето може негативно да се одразат врз него. Детето во раниот период може да биде отфрлено од друштвото.
Детето е чувствително и ако родителите се обидуваат да му всадат чувство на гордост и му кажат: „Ние сме подобри. Ние не носиме искинати фармерки, итн.“

Детето ќе стане гордо, но нема да биде прифатено и ќе страда.
Оставете го да биде прифатено, да изгради социјален однос. Понекогаш не е лошо да се биде „како сите други“.



912

X