Дали знаевте дека и возрасните понекогаш бројат на прсти? Според научниците, тоа е знак за висока интелигенција. И ако детето ја реши задачата сметајќи на прсти, тоа значи дека подобро перципира.
Употребата на рацете е поттик за полесно учење и справување со математика, покажа новата студија.
Сепак, многу родители не се охрабруваат од таквото однесување. Честопати не им дозволуваат на децата да бројат на прсти верувајќи дека е подобро за нив да собираат и да одземаат „во себе“.

Научниците од Универзитетот во Сиднеј спроведоа експеримент со анализа на работата на мозокот на 39 деца на возраст од 8 до 13 години.
Децата морале да решаваат задачи за множење и се покажа дека броењето со прсти многу им помогнало. И оние што ги користеле прстите ги решавале проблемите во алгебра и геометрија побрзо и полесно.
Значи, едноставно е – поттикнете го вашето дете да ги користи прстите при пресметување, велат научниците.