Прочитајте кои се прашањата што помагаат во идентификувањето на она што би можело негативно да влијае врз вашето дете.
Понекогаш ми изгледа дека детето е необично раздразливо и не може да ги контролира емоциите, па се обидуваме да му помогнеме. Но, за помошта да биде соодветна, добро би било да сме сигурни што го мачи. Помислете се што е најблиску до ова:
1. Дали детето е наспано? (Или предолго спиело во текот на денот или, пак, премалку)
2. Дали доволно се движи и престојува на воздух? (Ова понекогаш знае да биде занемарено во зимските месеци кога ниту родителите не сакаат да поминуваат време надвор)
3. Гледа ли предолго во екран (особено пред спиење)?
4. Постои ли можност нешто да го боли (или чувствува некоја непријатност од типот воспаление на забно месо, херпес, има мала температура, го болат мускулите, го гребе грлото или му тече носот или му е затнат, па не диши добро…)?
5. Се плаши ли од нешто? (ако гледало некој страшен цртан филм или слушнало приказна или, пак, сонувало нешто што го исплашило и не може да се ослободи од тие мисли)
6. Му недостига ли чувството на поврзаност со некој од родителите, дружењето „еден на еден“, а не знае да го каже тоа. (Се чувствува занемарено поради помладиот брат или сестра и слично).
7. Има ли пријатели во колективот (ако е во градинка или на училиште) и добри односи со нив или му недостига поврзаност со други деца?
8. Дали е гладно или жедно? (Некои луѓе не сфаќаат дека станале нервозни бидејќи веќе долго време не испиле вода или не изеле нешто калорично, па и со децата е истото)
9. Дали детето јаде премногу нездрава храна или слатки (што влијае врз неговото расположение и немир)
10. Дали детето е изложено на преголеми физички или психички напори? (На пример, премногу спортски активности, премногу слушање проблеми дома или затегнати семејни односи, премногу активности, а премалку мирни моменти кои може да ги помине релаксирајќи се, престој во гласно опкружување…)
Дури и ако детето е премало за да позборувате за сè и да дознаете што го мачи, со прегледот низ овие прашања и самите би можеле да донесете заклучок и да му помогнете.
Позитивната реакција секако ќе биде видлива ако ја пронајдете вистинската причина. Среќно!
Автор: Сања Риста Попиќ