Ако спаѓате во групата родители што веруваат дека секое дете мора да биде болно, дека едноставно така е родено и дека ќе му помогнат лековите, одредени руски експерти нудат сосема поинакво објаснување – дека за сѐ се виновни родителите и дека за да биде здраво детето, прво треба тие да се лекуваат!

Тие тврдат дека од зачнувањето, па сѐ до 12-тата година децата енергетски и информациски се целосно подредени на родителите и затоа тие се одговорни за сѐ што им се случува.

Влијанието на мајката врз детето

Руските експерти тврдат дека освен исхраната и начинот на живот во бременоста, за развојот на детето клучна е и психата на мајката и дека никаква храна не може толку да му наштети на детето колку психата на мајката. За да биде здраво детето, мајката во бременоста мора да биде спокојна, да се поштеди и другите да ја поштедат од стрес, позитивно да размислува и да не ја троши енергијата на неважни работи. Сѐ што треба да прави е да се радува на моментот кога нејзиното бебе ќе дојде на свет.

Во текот на бременоста мајката и бебето се поврзани со папочна врвца, а по породувањето, па до 12-тата година постои енергетска папочна врвца низ која мајката ја контролира психата на детето, тврдат овие експерти.
Со преголема паника и претерана грижа, и детето се разболува. Се разбира, нормално е да се грижите за детето, но не и да се бара итна помош за секоја точкичка на телото или за температура од 37,2.

И односот меѓу мајката и детето е како и сѐ друго што е негативно – како што мислиш, така и ќе биде. Наместо со психотична и опседната грижа, хранете го детето со енергија на љубов, внимание, нежност… Тоа чувствува сѐ – вашата депресија, замор, сомнеж, страв и сето тоа се пренесува на него.

Зошто не треба да се расправате пред децата?

Затоа што кога тие ги гледаат семејните кавги, не дај Боже тепачки, во нив почнува да расте злоба, гнев, нервоза, а сите овие емоции се одразуваат и на внатрешните органи. Паразитите во телото се хранат со негативноста и тогаш кај децата настануваат болести, тврдат Русите.

Сигурно некогаш сте се прашувале како се заразило детето? Од што настинало кога не излегувало од дома? Од вашата грижа што сте му ја пренеле. А сигурно сте сведочеле и на фактот дека детето било изложено на вирус, паднало во студена вода и слично, па потоа ништо не му се случило. Мајката на тоа дете не скокала панично викајќи: „Готово, сега ќе крене 40 степени температура!“

Исто така, секој семеен конфликт или стрес е директна причина за болест кај детето. Болеста е симптом на нарушена енергија кај него, а најчесто ја добива во семејството, но можеби и на училиште.
Имате право да не верувате во сето ова, но проверете сами – почнете да запишувате што сѐ видело детето дома, што сѐ сте кажале и за што сте биле загрижени. Ќе сфатите дека токму во таков период детето се разболело.

Како таткото влијае врз мајката и врз детето?

Таткото е одговорен за состојбата во која се наоѓа мајката, а мајката е одговорна за состојбата во која се наоѓаат децата и затоа таткото е клучната фигура одговорна за здравјето на целото семејство.
Ако, поради сопругот, жената е константно нервозна и под стрес, сето тоа се пренесува на детето. Најважната улога на таткото е мајката да се чувствува добро, па целото семејство ќе биде здраво.
Значи, задача на таткото е да ја смири сопругата, да ѝ каже дека сѐ ќе биде во ред, да разговара со неа, да ја слуша, да ѝ даде нежност и заштита. Мажи, запомнете – состојбата во која се наоѓа жената се пренесува на сите членови на семејството.

Дополнително, таткото влијае врз детето и преку своите зборови. Со сите зборови што ќе ги изговори става печат на детето и практично со зборовите го програмира детето. Затоа е важно детето да се третира со почит и да не му се обраќате со погрдни имиња. Ако му велите дека е глупаво, можеби на крај навистина ќе биде такво. Ако му кажете: „Ти го можеш тоа, го знаеш, верувам во тебе“, тоа ќе се труди да даде сѐ од себе да успее, токму затоа што верувате во него.

Како треба мајката да влијае врз таткото?

Ако вашиот сопруг нема сила, вие дајте му ветер во крилјата. Дајте му до знаење дека ви е потребен. Дека имате доверба во него, дека се потпирате на него. Тогаш најмногу расте силата на мажот.
Запомнете уште нешто: таткото може да ја врати мајката во нормала, мајката – таткото, а во нормално и здраво семејство децата не се разболуваат!



912

X