Здравје

Ајан имаше една желба за Нова година – да замине оздравен од Детска клиника. Силно заѕвони на ѕвончето за чао

За Нова година тригодишниот Ајан имаше само една желба – да си оди дома! Завчера, откако го победи канцерот, тој свечено и силно заѕвони на ѕвончето за оздравување, или ѕвончето за чао, како што го викаат децата на клиниката, додека персоналот го поздравуваше со аплауз.

– Овој свет постои оти низ него трчаат и растат децата. Конечно и Ајан истрча, со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи и дека сега ништо нема да го сопре. Тој за Нова година на министерот Венко Филипче му шепна дека има само една желба – да си оди дома – oбјавија од Клиника за детски болести на „Фејсбук“.

Браво Ајан, да бидеш здрав и среќен!

Фото и видео: Клиника за детски болести

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top