Аерозагадувањето е наречено тивок убиец

Аерозагадувањето може да го оштети развојот на мозокот на децата, особено да предизвика оштетување на когнитивните функции во текот на животот. Многу студии покажале дека изложувањето на штетните ПМ-честички пренатално и во првите месеци од животот е поврзано со забавен психо-физички развој и пониско ниво на интелигенција. Напишани се повеќе од 1.000 трудови за аерозагадувањето и аутизмот кои се поврзани со изложување на полициклични ароматични јаглехидрати, дизел-издувни гасови, честички, азотен диоксид, озон и сулфур диоксид во пренаталниот и раниот доенечки период, што е потврдено со неколку студии на животни, објаснуваат од клиничката болница „Жан Митрев“.
Познато е дека околу 500.000 смртни случаи од карцином на бели дробови и 1,6 милион смртни случаи од ХОББ може да му се припишат на аерозагадувањето. Аерозагадувањето се поврзува со малигнитетот, како што се карциномот на мочниот меур и леукемија кај децата.

Аерозагадувањето е еден од најважните, променливи ризици врз здравјето воопшто. Аерозагадувањето е наречено тивок убиец од страна на Светската здравствена организација бидејќи ефектите на аерозагадувањето најчесто одат незабележани и не можат лесно да се измерат.

Развојот на белите дробови кај децата се забавува со изложување на загадениот воздух, а со тоа се очекува да се јават белодробни заболувања кога ќе пораснат. Аерозагадувањето е поврзано со намалена когнитивна функција и зголемен ризик од деменција. Честичките (ПМ) во воздухот кои се помали од 2,5 микрометри се поврзуваат со забавување на психо-моторниот развој и намалено ниво на интелигенција кај децата.

– Добро е познато дека аерозагадувањето може да предизвика егзацербација на алергиските манифестации кај сензибилизирани лица. Клинички епидемиолошки студии покажале дека загадувањето може кај деца да предизвика рана сензибилизација и високи вредности на ИгЕ уште во раната возраст. Има податоци дека аерозагадувањето игра улога и во развојот и во егзацербацијата на алергискиот ринит. Студија кај претшколски деца покажала дека поради изложеност на загадување од сообраќајот пренатално и во раната возраст биле со повисок ризик за развој на алергиски ринит – објаснува прим. д-р Соња Петровска, педијатар во „Жан Митрев“.

Д-р Петровска додава дека загадувањето на средината може да го зголеми ризикот од автоимуните заболувања. Белите дробови имаат огромна површина која доаѓа во контакт со огромен број антигени. Оваа сензибилизација може да ги направи луѓето склони кон автоимуни заболувања. Загадувањето потенцијално придонесува за ревматоиден артритис и системски лупус. Канадска студија покажала зголемена застапеност на ревматоиден артритис во средини со зголемено ниво на ПМ 2,5 честички. Пренатална изложеност на ПМ 2,5 за време на бременоста може да го зголеми ризикот кај детето за развој на леукемија или астроцитом.

Фото: Архива

Студија покажала еднаква поврзаност на високи вредности на ПМ и зголемениот морталитет од миокардни инфаркти, мозочни удари, срцева слабост и висок крвен притисок. Умерен пораст на нивото на карбоксихемоглобин (од 3-6%) може да се јави при изложување на издувни гасови, а со тоа да бидат причина за појава на аритмија и срцева болка кај луѓе со коронарна срцева болест.

Аерозагадувањето има штетни ефекти врз ЦНС, вклучувајќи оштетување на когнитивните функции и зголемениот ризик од деменција и мозочен удар кај постари лица. Оддалеченоста на местото на живеење од главните патишта е маркер за изложеност на аерозагадување. Педијатриската служба на „Жан Митрев“ можете да ја добиете на 02/30 91 484.

(Комерцијална објава)



912

X