Министерствата за образование и наука и за здравство за неколку дена ќе излезат со став и насоки за основните училишта во однос на уписот на првачињата со оглед дека со прогласувањето на епидемијата на морбили не се запишуваат невакцинираните деца, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми.
– Во постојана комуникација сме со Министерството за здравство. Секое наше решение треба да биде во согласност со уставната одредба дека основното образование е задолжително, но исто така треба да не се доведеме во ситуација да го загрозиме јавното здравство – изјави Адеми.

Со оглед дека имало одредена загриженост кај родителите при уписот на нивните деца во основното образование, како што рече Адеми, во наредните денови ќе дадат конкретна и јасна ориентација за сите основни училишта при уписот на првачињата.
– Во наредните денови ќе има заеднички став со Министерството за здравство и ова ќе биде решение – потенцира Адеми.



912

X