На видеото во продолжение можете да ја погледнете рачно изработената демонстрација на она што всушност се случува за време на царскиот рез.

Креаторката на видеото, Џеси Френкс, блогерка и застапник на Меѓународната мрежа за подигнување на свеста за царскиот рез, беше изненадена од повратните информации што ги доби видеото.

– Многу луѓе рекоа дека се благодарни што видеото постои, дека вистинските хируршки видеа биле премногу крвави за гледање. Една мајка рече дека ова било првпат таа да се насмее кога се замислувала како го раѓа своето бебе – вели Френкс.


Инспирирана од алатката за породување на која наишла пред неколку години, Џеси сакала да направи сопствена верзија за да си помогне себеси во застапувањето на мрежата.

– Како подобро да ја објаснете сериозноста на царскиот рез од нешто што физички може да се допре, да се разгледа и да се помине низ сите слоеви – вели Френк.

 

– Образованието за пораѓањето е важен и моќен дел од патувањето наречено бременост. Сите жени заслужуваат да имаат пристап до информации за нивното породување, без оглед на тоа како нивното бебе ќе дојде на свет – вели Дијана Спалдинг, акушерка и уредник за дигитална едукација на веб-страницата „Мадерли“.

Без оглед на тоа како ги носат на свет бебињата – сите мајки се силни!



912

X