Застрашувачката кампања „ShareWithCare“ прикажува мало девојче кое се претвора во возрасна жена благодарение на вештачката интелигенција.
Кампањата има цел да ги предупреди родителите да не објавуваат или споделуваат фотографии и видеа од нивните деца на социјалните мрежи. Кампањата ја покрена компанијата „Дојче Телеком“ и објавеното видео стана вирално предупредувајќи на можните последици од т.н. „шарентинг“, (кованица од зборот share+parent) односно споделување слики на деца од страна на нивните родители.
Видео објавено како дел од кампањата на „Дојче Телеком“ покажува како може да се искористи вештачката интелигенција за лесно манипулирање со фотографијата на детето. На видеото е претставена приказната за 9-годишната Ела, за да се прикажат можните негативни последици од споделувањето фотографии и видеа од деца на интернет.
Преку кампањата се нагласува дека овие објави може да доведат до злоупотреба или кражба на идентитет, до детска порнографија и до т.н. „дипфејк“ измама (фотографии, видео и аудиоснимки манипулирани благодарение на софтверот за вештачка интелигенција; софтвер базиран на фотографии и видеа може да ги модифицира или реконструира на крајно реален начин карактеристиките и движењата на лицето или телото и верно да имитира одреден глас).
912