Вашето бебе конечно е во вашите раце. Болките и вревата поврзани со породувањето полека згаснуваат, а вие не можете да престанете да го гледате малото суштество кое толку долго го чекавте. Што сега?

Првото нешто што ќе го научите откако ќе станете мајка е: „Очекувај го неочекуваното“. Колку и да мислите дека сте подготвени, вашето новороденче ќе ве води низ школата на животот. Но, не плашете се. Милиони жени го поминале тоа пред вас, а ќе го поминете и вие. Дотогаш, прочитајте неколку совети за тоа што да очекувате по породувањето за да се подготвите за најневеројатното патување во вашиот живот.

  1. Физички изненадувања

Секако, ќе бидете чувствителни на неколку места, во зависност од тоа како сте се породиле. Ќе има крвавење, надуеност и чувствителност на градите. Но, постои една постпородилна болка која можеби не ја очекувате, а тоа се грчеви. Попознати како болка што доаѓа по породувањето, овие грчеви „напаѓаат“ додека матката се враќа во првобитната форма. По првото раѓање, грчевите се претежно благи, но може да ги почувствувате посилно за време на доењето. И дефинитивно треба да се напомене дека овие грчеви се зголемуваат со секое раѓање – затоа бидете подготвени!

Меѓу другите изненадувања се вашите гради, кои стануваат почувствителни со доаѓањето на млекото, а доколку сте се породиле вагинално – би можело да ви биде многу непријатно да седите, па не е лоша идејата да подготвите неколку удобни перници.

  1. Јас сум кралица на светот

Веднаш по породувањето, дури и по многу часови и часови интензивно породување, веројатно ќе се чувствувате како да можете да го освоите светот. Тоа е затоа што раѓањето бебе е огромен наплив на адреналин, а веројатно и најприродниот адреналин. Само неколку секунди пред да го држите вашето бебе в раце првпат, можеби ќе се чувствувате целосно исцрпени, но веднаш потоа ќе станете непобедливи!

  1. Кралицата го зазеде нејзиниот престол

Вашата прва посета на тоалет по породувањето веројатно ќе биде придружена со мал страв – и тоа е сосема разбирливо. Задолжително разговарајте со вашиот лекар за да ви помогне да се подготвите што е можно подобро за тој претстоен период, особено ако сте имале епизиотомија.

  1. Емоции на сите страни

Породувањето прави некои неверојатни и чудни работи за нашите тела, и физички и психички. Бидете подготвени за огромен опсег на емоции во првите 24 часа. Вашето тело закрепнува од големиот физички напор, а вашиот ум се навикнува на мајчинството. Тоа е комбинација која може да ве насмее во еден момент, а следниот момент да почнете да плачете.

  1. Поспаност

Откако ќе го нахраните вашето бебе првпат, веројатно нема да се разбуди во следните неколку часа (и бебињата закрепнуваат од раѓањето). Адреналинот веројатно ќе ве држи некое време, но најдобро е да се обидете да се одморите бидејќи кога бебето ќе се разбуди следниот пат, може долго време да биде немирно.

  1. Каде е храната?

За време на породувањето можеби нема да се чувствувате гладни, иако можеби не сте јаделе некое време. Набргу откако ќе закрепнете, апетитот ќе ви се врати. Не случајно се вели дека никој оброк не е толку добар како првиот оброк по породувањето. Пијте многу течности, јадете здрава храна за да му помогнете на телото да заздрави и да се подготви за бебето.

  1. Добре дојдовте?

Раѓањето на бебето е значаен настан во секое семејство – затоа е важно да се подготвите за сите луѓе околу вас, од тетка до сосед. Можеби звучи малку глупаво, но можеби ќе се изненадите колку луѓе ќе сакаат да го посетат бебето. Задолжително проверете некои корисни правила за гостите кога станува збор за првата посета. Сепак, дури и доволно рано да ставите до знаење дека не сакате ненајавени гости, такви секогаш ќе има, па не е лоша идејата заедно со партнерот да смислите некој таен сигнал што значи: „Време е сите да заминат“.

  1. Разговор за пелените

Ќе бидете фасцинирани од содржината на бебешките пелени првите неколку пати. Речиси опседнати. Проучувањето на пелената на бебето всушност ќе ви помогне да се уверите дека бебето е добро и правилно јаде. Првите пелени ќе се полнат со леплива, речиси црна маса, а тоа е мекониум. Во секој случај, по некое време ќе станете „експерт за пелени“!

  1. На врвот на светот

Очигледно е дека првите 24 часа со вашето бебе ќе бидат полни со акција. Но, некаде помеѓу менувањето пелени, проблемите со спиењето, болката и солзите, има и моменти на чиста среќа. Ќе останете без здив кога ќе сфатите колку љубов чувствувате за вашето бебе. Не може да се спореди со ништо друго. Првите 24 часа се минливи, но многу важни – затоа уживајте во секоја минута!

Извор



912

X