Како што објаснуваат психолозите, речиси сите токсични мајки користат пасивна агресија, која драстично влијае врз развојот на децата. Студијата спроведена од психотерапевтот и психолог Патрик Т. Дејвис и неговите колеги подразбирала набљудување на децата во три временски интервали – во градинка, во второ и во седмо одделение, споредувајќи ги ефектите од пасивната агресија врз нив.

Истражувањето покажало дека децата изложени на пасивна агресија почесто биле анксиозни, повлечени, имале проблеми со спиењето и покажувале модели на депресивно однесување. Исто така, адолесцентите што биле изложени на пасивна агресија имале проблеми со регулирање на однесувањето, како што е обрнувањето внимание на часовите, а исто така биле и агресивни и склони кон кршење на правилата.

Но, како да препознаеме дека мајката користи пасивна агресија во воспитувањето на своето дете? Како што објаснуваат експертите, постојат неколку знаци кои можат да укажуваат на тоа.

Тие вклучуваат саркастични коментари, игнорирање на детето, избегнување преземање одговорност и постојана критика за најмалите работи.

Извор



912

X