В недела, 11 јуни, сите битолчанчиња што ги обожаваат Биби и Боби и сакаат да трчаат ќе се соберат во Градскиот парк во Битола.
МИНИ ТРЧАЈ БЕ е прва детска трка посветена на малите шампиони, со цел да ги вовлече во радоста и енергијата на трчањето и спортот. Ова е моментот кога децата ќе го доживеат бодрењето од публиката и ќе се почувствуваат како вистински победници кога ќе ја преминат целта.
Децата се родени да трчаат, тие се нашите суперхерои, а сега, во Битола, добиваат своја МИНИ ТРЧАЈ БЕ трка! И што е уште поинтересно, Биби се приклучува и носи подароци за најбрзите учесници! Јееј!
„Светот на Биби” ја поддржува првата МИНИ ТРЧАЈ БЕ трка, која ќе го обележи животот на сите мали учесници.
Биби и Боби се пријатели на МИНИ изданието на ТРЧАЈ БЕ.
912