Европска студија открила отровни хемикалии од електронски отпад во детски производи и повикува на измена во политиката за рециклирање опасен отпад

Во Брисел неодамна објавија алармантни докази дека отровни бромови забавувачи на горење пламен, опасни хемикалии од електронски отпад за кој се знае дека ја попречуваа функцијата на тироидната жлезда и предизвикува невролошки нарушувања и недостиг на внимание кај децата, ја загадуваат рециклираната пластика во потрошувачките производи низ Европа.

Студијата/анализата на 430 пластични детски играчки, прибор за коса и кујнски садови во 19 европски земји покажала дека во 109 (25%) примероци има зголемено ниво на бром, што укажува на потенцијалното присуство на бромов забавувач на горење пламен. Кај овие 109 примероци е анализирана концентрацијата на специфични бромови хемикалии за заштита од пламен и се покажало дека 50 од нив (46%) не ги задоволуваат прописите за POPs (перзистентни органски загадувачи) на ЕУ ако производот бил составен од нова пластика, а не од рециклирана.
„Нашето истражување покажа дека хемикалиите за заштита од пламен, кои се наречени PBDE (полиброминат дифенил етер, и HBCD (хексабромоциклододекан), се присутни во поголемиот број анализирани примероци. Тоа е загрижувачко зашто овие две хемикалии се меѓу 28-те најопасни хемикалии на планетата“, изјави Јитка Стракова, водечки автор на студијата и истражувач специјализиран за POPs.

Двете хемиски групи моментално се наоѓаат во е-отпадот. PBDE е група од хемиски забавувачи на пламен што се наоѓаат во куќиштата и во жиците за изолација на старата електроника и уреди, а HBCD се појави и во полистиренските пени и во пластика за електроника и за автомобили.

„Никој свесно не би му дал отровен отпад на своето дете за да си игра“, вели Генон Џенсен, коавтор на студијата и извршен директор на Алијансата за здравје и животна средина (HEAL).
– ЕУ моментално дозволува исклучоци, така што некои од најопасните материјали во пластиката може да се рециклираат. Но сега, членовите на Европскиот парламент имаат можност да ја прекинат оваа практика за да го заштитат здравјето на луѓето – објаснува тој.

– Специфичните концентрации одредуваат кој отпад се смета за POPs-отпад и не може да се рециклира или извезува во други земји за рециклирање. На крајот, тоа е број што одредува дали вашето дете е во опасност. Отровните пластични материјали со бромов забавувач на горење пламен над 50% ppm би се сметале за POPs-отпад – изјави Јинджих Петерлик, извршен директор на „Арника“

Авторите на извештајот ги повикуваат членовите на Европскиот парламент да гласаат против какви било исклучоци за рециклирана пластика на пленарната седница, која е планирана за 22 октомври, и искажуваат загриженост во писмо упатено до Одборот за животна средина на Европскиот парламент.

Примероците се замени од следниве земји во ЕУ (Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска), а во земјите во Средна и Источна Европа (Албанија, Ерменија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Русија и Србија) во периодот од април до јули 2018 г.



912

X