Амели на социјалната платформа „Тик-ток“ објавила трогателно видео од разговорот што го имала со нејзиниот син Алди (4). Момчето направило осврт на поминатиот ден, кога му било навистина тешко бидејќи немал дозвола да излезе надвор.

На видеото кое досега е прегледано повеќе од 18 милиони пати, Алди стои во својата соба и се подготвува за спиење.

„Не направи паметен избор денес, па ми ги повреди чувствата со тоа што не смеев да излезам“, ѝ вели тој на својата мајка, која е во собата со него.

Потоа мајката се спушта до момчето, кое седнува на креветот и започнува искрена дискусија.

„Знаеш, не можев да излезам денес, па сè уште сум тажен. Малку бев и вознемирен. Повеќе од малку“, продолжува да ѝ објаснува на мајка си, која го смирува: „Сите понекогаш сме вознемирени. Не секогаш го добиваме она што го сакаме“.

Момчето размислува малку, а потоа почнува да кажува дека неодамна се обидел да го научи татко му како да се справи со сопствените емоции.

„Бебето ја испушти чинијата и тато се налути, а јас му реков да се смири, полека да дише и да направи паметен избор“.

Амели повторно се вклучува во муабетот и појаснува: „Се нервираме, се лутиме, понекогаш и плачеме“, на што момчето возвраќа: „Тоа се емоции, мамо“.

Двајцата на крајот се прегрнуваат, а Алди ја прашува мајка си: „Дури и кога сум лут, дали сè уште ме сакаш?“

@mom_aldie Bedtime conversation. The last part made me ❤️? #fyp #momlife ♬ Chopin Nocturne No. 2 Piano Mono – moshimo sound design

Стотици корисници на платформата ја коментираат емоционалната зрелост на четиригодишното момче.

„Тој ги разбира емоциите, ги признава. Тој е добро момче“, „Посвесен е за себе и подобар во комуникацијата од сите нас“, „Ова е пример за врвно воспитување. Кажете ни како успеавте да го воспитате за да има таква емоционална интелигенција“, се дел од коментарите.

Видеото го погледнале и некои познати личности, меѓу кои и актерката Бизи Филипс и пејачката Меган Трејнор. Првата го споделила видеото на социјалните мрежи, додека втората оставила коментар: „Колку години има? Едвај чекам моето момче да зборува вака. Слатко“.

Извор



912

X