Ана Гилдерслив е родена во Валенсија, Шпанија, но сега живее во Канзас со својот сопруг Американец. На социјалната платформа „Тик-ток“, каде што ја следат повеќе од 215 илјади луѓе, таа го документира својот живот и културните разлики меѓу Шпанија и САД.
„Мислам дека да се биде родител во САД е многу подосадно и поизолирачко отколку во Шпанија“, вели таа во видеото, во кое го споделува своето искуство од живеењето во странство со децата.
„Од понеделник до петок повеќето Американци не се дружат со други луѓе. По работа тие одат директно дома или, ако сте родител, на активности наменети за децата. Генерално, Американците ги чуваат социјалните настани за викендите. Многу време поминуваат дома“, додала таа.
Од друга страна, родителите во Шпанија се постојано надвор – од понеделник до петок, како и во сабота и недела.
„Кога децата ќе завршат со училиште, одите до најблиското игралиште до училиштето и се дружите со другите родители“, рекла Ана, додавајќи дека во парковите во Шпанија има кафулиња бидејќи „нормално е да се напиете чаша вино или пиво со други родители додека децата си играат“. „Тоа е незамисливо во САД“, тврди таа.
Исто така, вели дека чувањето на децата во САД треба да се закажува со недели, па дури и месеци однапред. Повеќето родители не живеат во близина на своите родители, па затоа зависат од дадилки.
@_anagildersleeve Replying to @lumichelini My thoughts on children being in public in Spain vs USA? #cultureshock #spain #usa #livingabroad #livingabroadwithkids #culturetiktok #culturetalk #spanishculture #spaincultureshocks #spaintravel #learnontiktok #fypシ ♬ original sound – Ana Gildersleeve
„Американските родители престануваат да го прават тоа што го прават, дури и ако се забавуваат, затоа што ги носат децата в кревет во 19 часот. Ако детето стане по 20 часот, тие гледаат на вас како да сте лоша мајка. Родителите во Шпанија ги носат своите деца насекаде и ги пуштат да заспијат во количка. Американците си го организираат животот според распоредот на децата, а во Шпанија децата се приспособуваат на распоредот на возрасните“, објаснува таа.
Нејзината последна опсервација е дека жените имаат тенденција да престанат да се дружат со пријателките откако ќе добијат деца.
„Да, навистина се чувствувам како жените во САД да престануваат да се забавуваат кога ќе станат мајки. Мислам дека можете да излезете на пијачка или на прошетка и повторно да бидете добра мајка“, заклучила таа.
912